Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општина Делчево објави јавни повици за финансиска поддршка за спортски и граѓански здруженија

Општина Делчево ги објави двата јавни повика за доделување финансиска поддршка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево ги објави двата јавни повика за доделување финансиска поддршка за спортски и граѓански здруженија, за што во општинскиот буџет за 2026 година се издвоени вкупно 1,5 милиони денари.

Средствата ќе бидат распределени транспарентно и согласно јавно утврдени критериуми, а право на учество имаат спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои дејствуваат на територијата на Општина Делчево и ги исполнуваат условите наведени во јавните повици.

Според Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош, граѓанските здруженија треба да бидат регистрирани најмалку една година пред објавувањето на повикот и да работат во приоритетни области како што се локален економски развој, образование, култура, уметност, социјална заштита, заштита на животната средина, еднакви можности и младински политики.

Реклама

Право на учество имаат и сите спортски клубови и здруженија регистрирани согласно закон, кои дејствуваат на територијата на општината, вклучително и спортските клубови во рамки на основните и средното училиште, како и правни лица кои организираат спортски манифестации од значење за локалниот развој на спортот.

Пријавите со потребната документација се доставуваат до Архивата на Општина Делчево, по пошта или по електронски пат. Рокот за пријавување е 15 дена и трае од 16 до 30 јануари 2026 година.

Јавните повици се објавени на официјалната веб-страница на Општина Делчево.