Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

МВР апелира да не се отвораат сомнителни линкови и пораки и да не се споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг – напади што се изведуваат преку лажни СМС – пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

– Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори – како банки, државни институции, реномирани компании, но, имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. Најчести се лажните СМС-пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци, може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите, појаснуваат од МВР.

За ваков вид измами, изминатава година до Секторот за компјутерски криминал пристигнале над 50 пријави.

Реклама

– Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвараат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка, потенцираат од МВР.

Истакнуваат дека Секторот за компјутерски криминал при МВР продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.