Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Положување крст за Водици во општина Росоман на две локации

По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, положување на крстот ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, положување на крстот ќе се одржи на две локации во општина Росоман. Првата е на централната манифестација во Росоман – во водите на Црна Река и во село Трстеник, информираше градоначалникот Ѓорѓи Крстевски.

-Во тек се активности за уредување на теренот каде што ќе се одржи положувањето на светиот крст по повод празникот Водици – Богојавление. Со навремена подготовка на просторот обезбедуваме безбедни и соодветни услови за учесниците и за сите присутни граѓани. Општина Росоман се грижи празникот да биде одбележан достоинствено и организирано, нагласи Крстевски.

Тој додаде дека в понеделник положувањето на крстот ќе почне во 10:30 часот во Трстеник. Точно напладне, како што е најавено, ќе биде централната манифестација во Росоман, во водите на Црна Река.

Реклама

-Општина Росоман, заедно со претставници од Канцеларијата на претседателот на Владата, обезбеди подароци за среќните фаќачи на светиот крст, додаде градоначалникот.

Тој повика заедно да се одбележи, како што истакна, големиот празник во духот на верата, заедништвото и традицијата.