Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм – политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

Видовме 24-часовен молк на премиерот Мицкоски, кој го снема од политичката сцена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видовме 24-часовен молк на премиерот Мицкоски, кој го снема од политичката сцена цел ден, вчера не можевме никаде да го видиме, денеска го очекуваме да се појави. Тоа не е случајно, требаше да даде одговор за тоа зошто САД нè ставија на листата, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски.

Ако некој може да даде одговор, тоа е сигурно другарот од периметарот, нашиот премиер, кој нè убедува 2 години колку блиски пријатели се.

Во недостиг на неговото присуство, што би рекле од неговата партија, за уши го извади министерот за надворешни работи, Муцунски.

Реклама

Се случи уште една грешка, уште еден трагикомичен настап на политичар кој многу зборува, а ништо не кажува, персонификација на денешната киндер-дипломатија.

Мицкоски фактички го надмина својот претходник Груевски, кој заврши на црната листа, Мицкоски, за жал, ја стави целата држава на црната листа.

Одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, како што вели министерот Муцунски, туку политички сигнал, предупредување.

САД внимателно ја следат состојбата во земјата и ова е јасен сигнал дека гледаат проблем, дека нешто не е во ред.

Толку од периметарот на Мицкоски, митот што се обидуваше да го создаде пропадна.

Неговите „одлични, специјални односи“ со САД се толку добри, што завршивме во периметарот на Сомалија и како трет свет.

Македонија ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски, кои водат кон затворање, кон изолација на земјата.

Тоа ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите.

Недостигот од економска перспектива за луѓето ги тера младите да заминуваат, да се иселуваат затоа што не гледаат иднина дома.

САД испраќаат порака дека:

                – не се задоволни од капацитетот на државата;

                – постои недоверба во институциите (безбедност, документација);

                – очекуваат реформи што не се спроведуваат.

СДСМ подолго време укажува дека политиките на изолација на оваа тендер-коалиција ВМРО – ЗНАМ ги загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во ЕУ.

Надворешната политика на Владата се сведува на активностите на најблискиот соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ со ноќните волци блиски до Путин.

Овие денови гласни се дипломатите од времето на ВМРО-ДПМНЕ, таканаречени експерти, и помалите сателит-партии, кои ги напаѓаат Соеднитети Американски Држави, па дури тврдат и дека немаме стратешко партнерство.

Парлалено, власта спроведува и активна анти-ЕУ кампања.

Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, затворени прашања повторно се отвораат за да се оправда изолацијата, а да не се дојде до решенија.

Во таа смисла мерката на САД е дипломатски сигнал, политички аларм и индикатор за тоа каде реално се наоѓа државата на меѓународната мапа.

Ова се први чекори што ги гледаме, САД носат и закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.

СДСМ ќе продолжи јасно и гласно да ја разоткрива оваа опасна агенда на власта и да се бори против политиките на изолација и загрозување на стратешкото партнерство со САД.