Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Лекарската комора го поздрави Предлог-законот за заштита од пушење: Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси

Лекарската комора на Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарската комора на Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, а сè со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи, се нагласува во денешното соопштение.

– Докторите секојдневно се соочуваат со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад. Кардиоваскуларните заболувања, малигните болести, хроничните белодробни состојби и бројни други здравствени проблеми, директно или индиректно се поврзани со пушењето и претставуваат сериозен товар и за поединецот и за здравствениот систем, истакнуваат од Комората.

Следејќи ги добрите европски практики, како што се подвлекува во соопштението, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, значително ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници на овие производи – особено кај младите – ефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање здрава животна и работна средина.

Реклама

– Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси. Веруваме дека доследното почитување на законските ограничувања ќе резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество. Лекарската комора останува подготвена активно да учествува во креирање на јавна свест за опасностите од употребата на никотински и тутунски производи, како и да даде поддршка за мерките што водат кон поздрава, побезбедна и посовесна заедница, потенцираат од Комората.