Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општина Валандово воспоставува проектна соработка со значајни европски региони

За тековните активности и за законските измени, кои се однесуваат на превенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За тековните активности и за законските измени, кои се однесуваат на превенцијата во образовниот систем, како и за продлабочување на соработката преку проширување на областите во рамките на Регионалната програма на UNODC (United Nations Office on Drugs and Crime) за Југоисточна Европа 2024 – 2029, се разговарало на работна средба денеска меѓу министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и регионалниот претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за превенција од дрога и криминал (UNODC) за Југоисточна Европа, Данило Рици, на која присуствувале и претставници на канцеларијата на UNODC во Скопје. 

Како што соопшти МОН, Јаневска на средбата ја истакнала одличната соработка со оваа aгенција на ОН, „особено во делот на превенцијата и јакнењето на образовниот систем како клучен фактор во справувањето со современите општествени предизвици“.

– Вложувањето во превенција на младите од пороци претставува долгорочна инвестиција во споредба со интервенцијата. Континуирано се заложуваме преку едукација да ги заштитиме учениците од она што може да им наштети на здравјето, а поддршката од меѓународни партнери особено ни значи. Денешната средба потврди дека постои заеднички интерес за продолжување и унапредување на соработката, особено во делот на превенцијата преку образованието – потенцира Јаневска, информира МОН.

Реклама

– Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) е агенција на ОН која на глобално ниво се справува со нелегалната трговија со дрога, криминалот, тероризмот и корупцијата обезбедувајќи истражувања, техничка помош и поддршка на владите за спроведување меѓународни договори, јакнење на капацитетите и подигање на јавната свест, а главно се финансира преку доброволни придонеси – посочува Министерството за образование и наука.