Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Осветување на водите на реката Црн Дрим во Струга ќе почне во 11 часот, чинот ќе го води митрополитот Георгиј

Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Осветувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, в понеделник ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост, а ќе го изврши митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј. 

Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во 7 часот и 30 минути, а поаѓањето кон Чаршискиот мост ќе биде во 10 часот и 30 минути. 

Отец Христијан Костоски од храмот „Свети Ѓорѓи“ упати апел до верниците да присуствуваат на литургија, да постапуваат во духот на црквата, достоинствено и без турканици да се учествува во празникот на откривањето на Бог – Света Троица.

Реклама

– Верниците кои сакаат да се впуштаат по Светиот крст во водите на реката Црн Дрим најпрво да присуствуваат на Света литургија во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“ од каде заедно со свештенството во Литија ќе се упатиме кон Чаршискиот мост, каде ќе го пречекаме нашиот надлежен митрополит г. Георгиј, кој ќе го изврши Богојавленскиот водосвет и положувањето на Светиот крст, истакна Костоски.

За безбедноста на капачите и годинава ќе се грижат волонтерите на Црвениот крст – Струга, од каде препорачуваат внимателно да се пристапува во студените води на реката Црн Дрим.

– Препорачуваме граѓаните да бидат внимателни, да им се даде простор на капачите, безбедно да влезат во студените води. Капачите пак со добра здравствена состојба без претходно конзумирање алкохол да пристапат во студените речни води, посочија од струшкиот Црвен крст.

Празникот Богојавление Водици масовно се одбележува во Струга. Секоја година голем број верници скокаат по Светиот крст во студените води на Црн Дрим, но голем е бројот и на оние што влегуваат во осветените води за здравје. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе има бериќетна година.