Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Тренчевска: Нема да бидеме алиби за сценаријата на власта, техничката влада мора да постои

Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска.

Тренчевска посочи дека во државата сè уште не постои зрелост за укинување на техничката влада додавајќи дека не може селективно и по потреба да се одлучува дали техничката влада ќе опстои или ќе се укинува, односно да се каже дека за следните избори ќе постои, а за некои идни ќе се укине.

– Кога ќе дојде време, ако покажеме демократски капацитет на институциите и зрелост, тогаш може повторно да седнеме и да разговараме и да разговараме дали ќе се укине. Институциите не се ниту демократски ниту, пак, власта е демократски зрела за да можеме да ја укинеме техничката влада. Впрочем, тоа се виде и на локалните избори во 2025 година, каде што водовме каков притисок на локално ниво се изврши преку Министерство за внатрешни работи и преку Министерство за социјална политика, демографија и млади. И затоа уште кога се најави лидерската средба, рековме дека нема да бидеме присутни, што сега по одржувањето, се покажа дека е правилна одлука – рече Тренчевска. 

Реклама

Во дебатата Тренчевска укажа дека е поразително што на лидерската средба не се разговарало за суштинските прашања, како реформската агенда, економската состојба и стандардот на граѓаните. 

– Во јуни 2025 не се донесе ниеден закон од реформската агенда. Во декември 2025 се пролонгира рокот, не се донесе ниеден од пакетот, а особено во делот на  владеењето на правото. Да, единствено имаме еден закон од тој пакет на 12 закони, Законот за судскиот совет, во кој впрочем не се инкорпорирани ниту препораките на Оценската мисија ниту на Венециската комисија. Не слушнавме ниедна дискусија или заклучок од оваа лидерска средба за економската состојба на граѓаните. Имало барање од политичките лидери, меѓутоа во заклучоците, освен за техничката влада, ние немаме ништо друго како резултат од ова – рече Тренчевска.

Притоа Тренчевска предупреди дека власта единствено што прави со секоја политика е изолација на државата. 

– Ако Владата продолжи да поднесува закони од реформската агенда, кои се спротивни на она што го бара Европската Унија, тоа значи дека ВМРО не сака државата да биде дел од ЕУ, туку да биде дел од некој друг сојуз што ќе работи исклучиво во интерес на партијата, а не на граѓаните – рече Тренчевска.