Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и разни видови пороци

Осумнаесет основни и седум средни училишта во државава добиле грант од Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумнаесет основни и седум средни училишта во државава добиле грант од Министерството за образование и наука за спроведување активности од програмите за заштита на учениците од разни видови пороци, насилство и делинквенција. 

На веб-страницата на МОН се објавени резултатите од јавните повици (за основни и за средни училишта) за доделување средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ученици, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од употреба на алкохол, пушење, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции, програма за спречување учество во игри на среќа и за заштита од малолетничка делинквенција за учебната 2025/2026 година. 

Грантови добиле основни училишта во општините Аеродром, Гази Баба, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Карпош, Кисела Вода, Крива Паланка, Куманово, Липково, Македонски Брод, Могила, Тетово, Центар, Штип и училиштето на Град Скопје за ученици со посебни образовни потреби „Иднина’. 

Реклама

Според објавените резултати, добитници на грант од МОН се и седум јавни средни училишта – од Радовиш, Куманово, Штип, Битола, Берово, Неготино и од Дебар.