Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за економски прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во второ читање.

На Комисијата за социјална политика, демографија и млади се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, и двата во второ читање.

Реклама

На Комисијата за финансирање и буџет се Предлогот на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, во второ читање и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2026 година.
 
На дневе ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за системот за проценка на лица со попреченост и Предлогот на законот за задолжување на Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во второ читање.