Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на “техничката влада”

Социјалистичката партија на Макединија со целосна доверба во г-динот Христијан Мицкоски му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Макединија со целосна доверба во г-динот Христијан Мицкоски му ја дава поддршката за претставувањето на политичките партии од Коалицијата “Твоја Македонија”, застапени во Собранието на Македонија, стои во соопштението од СПМ.

Социјалистичката партија на Макединија особено ја поддржува иницијативата за укинување на “техничката влада” како рецидив од едно минато време оптеретено со политички притисоци, уцени и отстапки од националните и државните интереси. Производот на “Пржинскиот” договор, на кој СПМ се спротивстави уште во неговиот почеток, со себе го носи белегот од последиците кои создадоа трауми од злоупотребите и безочното газење врз достоинството на македонскиот народ и граѓани од страна на владите во периодот што следеше.

Денес, после извојуваната слобода од сите наметнати стеги од претходната власт, Македонија и нејзините граѓани заслужуваат демократски амбиент во полн капацитет. Еден од условите за тоа претставува и укинувањето на техничката влада со нејзината целосна неефикасност.

Реклама

Социјалистичката партија на Макединија има изградено став за поддршка на заложбите на македонската Влада за спроведување на реформските закони во правосудството, изборот на народен правобранител, измените во Изборниот законик и укинување на техничката влада.