Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Светскиот ден на логиката ќе биде одбележан со онлајн-предавање „Втемелувањето и неговата епистемологија“

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија петти пат ќе го одбележат Светскиот ден на логиката – 14 Јануари.  По тој повод, утре напладне на платформата „Зум“, ќе се одржи онлајн-предавање на тема „Втемелувањето и неговата епистемологија“ (Grounding and its Epistemology), со д-р Дамјан Алексиев, постдокторски истражувач при Виенскиот универзитет. 

Светскиот ден на логиката е утврден од УНЕСКО и од Меѓународниот совет за филозофија и хуманистички науки (International Council for Philosophy and Human Sciences) и почнува да се одбележува на 14 јануари 2019 година со идеја подигнување на свесноста за значењето на логиката како една од темелните филозофски дисциплини за развојот на човековите знаења во сите области и за унапредување на културата на дијалогот и заемното разбирање.

– Не случајно е избран 14 јануари за ден кога ќе се прославува логиката. Овој ден е поврзан со двајца големи великани на современата логичка мисла – Алфред Тарски (роден на тој ден 1901 година) и Курт Гедел (умира на тој ден 1978 година) – соопшти Филозофското друштво на Македонија. 

Реклама

Предавачот Дамјан Алексиев е постдокторски истражувач при Виенскиот универзитет, оддел филозофија, каде што првенствено работи на проект за природата на метафизичкото објаснување, финансиран од Австрискиот научен фонд (FWF).

– Освен на тековниот проект, работел и како предавач при Виенскиот универзитет. Докторските и магистерските студии ги има завршено на Централниот европски универзитет (Central European University), а дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавувано трудови на тема метафизика на свеста и метафизичкото објаснување во Journal of Consciousness Studies, Journal of the American Philosophical Association и Synthese. Најново, заедно со Јаник Капез (Yannic Kappes), Алексиев е коуредник на зборникот Epistemology of Grounding, кој набргу ќе биде објавен од Cambridge University Press – се наведува во соопштението. 

Настанот утре со почеток во 12 часот ќе може да се проследи на линкот: следниот линк.