Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Прилози

Обиди на ДУИ пак да биде фактор: Го блокирале „Сејф Сити“, не учествувале во пишувањето на законите

ДУИ си најде оправдување зошто го блокира Сејф Сити. Немало да бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ си најде оправдување зошто го блокира Сејф Сити. Немало да бидат гласачка машинерија на власта, па поради тоа не ги поддржувале измените на еден од клучните закони, за од први февруари да се почне со казнување на прекршоци, регистрирани преку системот Безбеден град. Генералниот секретар на партијата Арбр Адеми за Алфа вели дека немало да го поддржат законот за прекршоци, бидејќи не биле консултирани при неговата подготовка, не споменувајќи проблеми во неговиот текст.

Ова е и помалку чудно бидејќи сите предлог измени се јавни, ги имаат сите 120 пратеници, како и сите граѓани. Дополнува дека не блокирале, бидејќи веќе немало можност за филибастеринг на собраниските седници, туку само не давале поддршка.

-Во тој процес потребен е инклузивен процес. При креирање на таквите прописи потребнен е консензус. И ако има интенција да има консензус тогаш проблеми нема да има, но ако некому му е интенција нас да не стави пред свршен чин, тогаш тоа е неприфатливо. Ако господинот Гаши мисли дека ќе бидеме гласачка машинерија на власта, многу греши, вели Адеми за Алфа.

Реклама

Инаку, пред ДУИ да реши да го блокира законот во Собранието, проблеми во Сејф Сити најде и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Бил механизам на власта за масовно следење на граѓаните, па морало да има техничка Влада и во предизборие технички министер за внатрешни работи од опозицијата, со цел контрола на овој систем.

-Легализација на масовен надзор без соодветни пи мерки преку системот сејф сити, со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењето на граѓаните. И кога за граѓаните се воведува дигитален надзор контролата на ваквите системи контролата на овие системи станува прашање за опстанок на демократијата. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби, изјави Филипче пред четири дена.

Иако според најавите од Министерството за внатрешни работи казнувањето преку Сејф Сити требаше да започне од први февруари, сепак сега тоа станува неизвесно поради блокадите кои доаѓаат од Мала Речица.

Матеја Петровски