Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила

Од 11 часот по македонско (12 часот по локално време) во прекин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 11 часот по македонско (12 часот по локално време) во прекин е сообраќајот за сите возила на граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција поради блокадата на грчките земјоделци, што, според информациите од Атина, ќе трае до 15 часот по наше, 16 часот по грчко време.

Земјоделците од северниот дел на Грција, кои од 1 декември своите трактори ги имаат паркирано на грчката страна од границата, се меѓу блоковите што одбија денеска да се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и продолжуваат со нивните активности, протести и блокади.

Не е исклучена можноста граничниот премин Евзони да биде блокиран и во вечерните часови, по 19 часот по локално време.

Реклама

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, четири часа ќе биде блокиран граничниот премин Ники (Меџитлија) за товарни возила, а во периодот од 20 до 22 часот (од 19 до 21 часот по македонско време) блокадата ќе се однесува и на автомобилите.

Земјоделците од над 55 блока доцна синоќа одлучија да не дојдат на состанокот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис затоа што, како што тврдат, владините ограничувања за бројот на претставници ги поткопуваат изгледите за значаен дијалог и планираат дополнително да ги интензивираат протестите.

Мицотакис денеска, сепак, ќе одржи средба со земјоделците, но со претставниците на 14 блокади, односно со оние што уште од минатиот месец се одделија од другите и побараа дијалог со владата.