Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

ДОМ ја поздравува закажаната лидерска средба, предлага една изборна единица и отворени листи без изборен праг

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации за важни реформски закони и процеси што треба да ги зајакнат нашата држава и демократијата, се наведува во соопштението на ДОМ.

Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното законодавство, кои ќе обезбедат пообјективно и пофер политичко претставување на граѓаните на Македонија. Во таа насока, апелираме и бараме на агендата на лидерската средба да се стави и да се разговара конкретно за:

· Промена на изборниот модел, односно, наместо постојниот пропорционален систем со шест изборни единици, да се воведе изборен модел со една изборна единица.

Реклама

ДОМ продолжува со своите заложби и иницијативи за една изборна единица како модел што го поддржуваме со години и сметаме дека е неопходен за подобра репрезентативност и еднаков глас за секој граѓанин:

* Една изборна единица гарантира еднаков глас за сите – без регионални нееднаквости и нерамноправности во вредноста на гласот на гласачите од разни делови на државата;

* Овој модел го зголемува степенот на пропорционалност во распределбата на мандатите, што е клучно за воспоставување пофер и поквалитетно демократско претставување;

*ДОМ ја поддржува идејата изборниот модел да биде со отворени листи и без праг за да се поттикне поголема одговорност на кандидатите кон граѓаните наместо кон партиските врвови;

 * 50 % жени на листите бидејќи родовата рамноправност не е само бројка, туку цивилизациска вредност. Затоа сметаме дека жените неопходно е да бидат рамноправно претставени во политиката и во процесите на донесување одлуки со цел доследно почитување на сите демократски вредности и приниципи на инклузивност.

За ДОМ, ова не е партиски интерес, туку општествена потреба што ќе го зајакне демократскиот процес и ќе овозможи гласовите на сите, без исклучок, да се рефлектираат реално и праведно во составот на парламентот, како и можност, а во исто време и право на сите политчки субјекти, рамноправно да ги презентираат и промовораат своите програмски определби пред сите граѓани. Сето тоа придонесува за поголема доверба на граѓаните во политичкиот систем.

Ги повикуваме власта и сите парламентарни групи да излезат од своите удобни позиции и да гу прифатат оваа заложба и иницијативата за рамноправен простор за сите политички субјекти. ДОМ како вонпарламентарна партија, која со години се залага за воведување една изборна единица, ги става на располагање сите свои експертски и организациски ресурси со цел активно да придонесе во обликувањето на законските измени и во спроведувањето на неопходните реформски процеси.