Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

ЦУК: Состојбата на терен постепено се стабилизира

По обилните врнежи што ја зафатија земјава, состојбата на терен постепено се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По обилните врнежи што ја зафатија земјава, состојбата на терен постепено се стабилизира, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Пелагонискиот регион, во Битола, Могила и Новаци, водата се повлекува од поплавените подрачја, иако реката Црна има покачен водостој, а дел од земјоделските површини сè уште се под вода.

Во Западниот регион, во Кичево, водостоите на реките се намалени и нема нови поплави. Во тек е расчистување и дезинфекција на поплавените домови, а евакуираните граѓани се сместени во спортската сала „Христо Узунов“.

Во Вардарскиот и Североисточниот регион проблеми предизвика и снегот. Во Кавадаречко се расчистуваат планинските патишта, додека во Ранковце е отежнат сообраќајот поради снежни наноси. Во Полошкиот регион, во Тетово е отстранета падната карпа на патот кон Бањиче, а кај Гостивар се расчистува одрон на патот кон Маврово.

Реклама

Жителите на кочанското село Грдовци, кои викендов претрпеа штети откако Оризарска Река и Масалница се излеаа од своите корита, од денеска истите може да ги пријавуваат во Општина Кочани. По завршување на рокот за пријавување, општинска комисија ќе излезе на терен за да изврши увид, по што извештајот ќе биде доставен до надлежните институции и министерства.

Надојдената вода поплави земјоделски површини, подруми и дворови, а сериозно ја оштети и патната инфраструктура до населбата Добра Вода. Надлежните апелираат на внимателност и следење на состојбата на терен.