Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Во Пехчево промовирани книги за аутизмот од Амела Мемиш Апостоловска

Во Домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево денеска се одржа промоција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево денеска се одржа промоција на книгите „Ангелот по име аутизам“ и „ Светот на аутизмот – Патувањето на Леон“ од авторката и психолог Амела Мемиш Апостоловска, посветени на аутизмот и на искуството на семејствата што живеат со оваа состојба.

Настанот беше организиран од Општина Пехчево во соработка со Матичната библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево. На промоцијата учествуваа Габриела Костадинова, директор на библиотеката и модератор на настанот, Елица Јовевска, советник за планирање на локален економски развој и промотор на книгите, како и авторката Мемиш Апостоловска, дипломиран психолог со едукација од областа на социјалната политика и дефектологијата и активист за инклузија на лицата со аутизам.

Во своето обраќање, Мемиш Апостоловска истакна дека преку книгите се обидува да го прикаже аутизмот не како недостаток, туку како поинаков и автентичен начин на доживување на светот, со цел да се поттикне поголемо разбирање и прифаќање во општеството.

Реклама

Книгите ги следат животот и развојот на Леон, дете со аутизам, и низ лична и емотивна перспектива ги отвораат темите на родителството, прифаќањето, комуникацијата и инклузијата.

За делата беа објавени и стручни рецензии од проф. д-р Мирослав Пендароски, психолог и психотерапевт, во кои се нагласува дека книгите претставуваат значаен придонес кон демистификацијата на аутизмот и кон јакнењето на јавната свест за различностите.

Промоцијата во Пехчево беше проследена со интерес од публиката и со дискусија за потребата од поголема поддршка и разбирање за лицата со аутизам и нивните семејства.