Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски положија цвеќе на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце по повод 18 години од хеликоптерската несреќа

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, на обележјето кај Катлановско Блаце, положија венец во спомен на единаесеттемина припадници на воздухопловниот ВИНГ, кои пред 18 години ги загубија своите животи враќајќи се од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Министерот Мисајловски притоа порача дека нивната мисија била благородна и дека никогаш нема да бидат заборавени бидејќи со своите дела покажале како се сака државата и како се сака татковината.

На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце почит на загинатите припадници оддадоа членовите на семејствата, како и делегации од Командата за операции, Првата пешадиска бригада, воздухопловниот ВИНГ и од општината Петровец.

Реклама

Со едноминутно молчење и положување венци од страна на припадниците на воздухопловниот ВИНГ беше оддадена почит за единаесеттемина загинати припадници и пред спомен-обележјето пред командата на воздухопловниот ВИНГ во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во меморијалниот парк во кампот „Бутмир“ во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што нашите припадници беа дел од мисијата „Алтеа“.

Во хеликоптерската несреќа, на денешен ден, пред осумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија „Алтеа“, трагично загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.