Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени

Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со намалени цени на јајцата и во нашата земја, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески по забележителниот пад на цената на јајцата на домашниот пазар во просек за 40-тина денари.

Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а  денес на повеќето проджни места.

-Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на пазарот. Имаме податоци од Државниот пазарен инспекторат дека по Нова Година има намалување на цената на јајцата во малопродажбата. Тоа главно се должи на стабилизацијата на цените за храна во живинарските фарми, а и надминат е пробемот со птичји грип во Европа. Тоа една од основните причини за намалувањето на цената на јајцата. Очекуваме во наредниот период да се стабилизира цената на јајцата  во маркетите и во продавниците и тоа би траело до Велигденските празници кога, традиционално, се зголмува побарувачката.Ние сме пазарна економија, односно понудата и побарувачката ја регулираат цената и на јајцата, изјави Ристески.

Реклама

Во ноември имаше ценовен скок поради недостигот од јајца во околните земји и во Европа.