Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Утврдена листата на пријавени кандидати за новиот состав на Државната изборна комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати на огласот на Собранието за новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Од пријавените кандидати, шест се од актуелниот состав – Борис Кондарко, Абдуш Демири, Александар Даштевски, Дитмире Шеху, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов. 

Според утврдената листа, пријавени се 16 кандидати, од нив седум за претседател на Државната изборна комисија, кои во своите кандидатури навеле и можност за избор за потпретседател или само член на ДИК.

По објавениот оглас, Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки и финансии, од село Непроштено – Теарце, се пријавува за потпретседател; Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, се пријавува за претседател или член; Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, се пријавува за член; Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, се пријавува за член; Викторија Аврамовска-Мадиќ, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје, се пријавува за претседател.

Реклама

На листата на кандидати е и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Чајле, Гостивар, кој се пријавува за претседател, за потпретседател или член; Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово, се пријавува за член; актуелниот претседател на ДИК, Борис Кондарко, кој е дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за член; Марија Митановска-Димовска, дипломиран правник од Скопје, се пријавува за член; Дитмире Шеху, дипломиран правник од Гостивар, која е дел од постојниот состав на ДИК, се пријавува за член; Даниела Маркоска, дипломиран правник од Скопје, се пријавува за претседател; Елита Шуки, дипломиран правник со положени правосуден и нотарски испит од Скопје, се пријавува за претседател, за потпретседател и за член; потоа Добре Јанчев, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за претседател и за член; Бети Ѓорѓиеска, дипломиран инженер по електротехника од Скопје, се пријавува за член; Ивана Костадиноска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за член; и Благоја Гешоски, дипломиран дефектолог, доктор на дефектолошки науки од Прилеп, се пријавува за претседател, за потпретседател и за член.

Утврдената листа на кандидати за претседател, потпретседател или член на Државната изборна комисија ќе биде доставена до претседателот на парламентот.

На денешната седница Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги прифати барањата за остварување право на плата на Селим Адеми и Весна Дамева по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, како и барањето на Ментор Јакупи за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Советот на експертите на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.