Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Стојаноска: Граѓаните на Маврово и Ростуше направија вистински избор, ВМРО-ДПМНЕ повторно го порази СДСM

ВМРО-ДПМНЕ упатува искрена и голема благодарност до граѓаните на Маврово и Ростуше,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ упатува искрена и голема благодарност до граѓаните на Маврово и Ростуше, кои испратија јасна, силна и недвосмислена порака дека Македонија заслужува подобар, посигурен и подостоинствен живот. Честитки до новиот градоначалник на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Граѓаните направија вистински избор. Тие избраа стабилност, развој, просперитет и конкретни проекти. Изборниот исход уште еднаш потврдува дека довербата не се добива со празни зборови и лажни ветувања, туку се гради со работа, резултати и одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ оствари убедливо најголема победа на локалните избори досега. Историски резултат, кој ја потврдува силната поддршка од граѓаните во државата. Во таа насока, сакам да им честитам на сите избрани градоначалници во првиот и во вториот круг на локалните избори 2025 година. Изборниот процес го завршуваме со освоени 56 градоначалнички места наспроти само 6 на СДСM.

Реклама

Овие изборни резултати се јасен и недвосмислен пораз за опозицијата и нивните деструктивни, неуспешни и штетни политики. Граѓаните им свртеа грб затоа што не понудија решенија, туку блокади, конфликти и стагнација. Затоа нивната политика продолжува да тоне.

СДСM падна на едвај 140 илјади гласа и денес е четврта политичка сила во Македонија. Тоа е директна последица на нереформите, немањето капацитет и визија, како и на криминалот и корупцијата, од кои не се оградуваат. Кланот Дубаи, наградувањето поранешни функционери наместо нивна одговорност и целосното отсуство на морал и политичка одговорност, ја донесоа оваа партија до историски пораз.

Поразена е и ДУИ, партија што не испорача ништо ниту за Албанците ниту за Македонците во општините во кои раководеше. Наместо развој, оставија долгови, раскопани улици, нефункционални институции и хаос. Националистичката реторика повеќе не им поминува, а реформите никогаш не ги испорачаа. Затоа им порачуваме внимателно да ги слушнат пораките што граѓаните јасно и гласно ги испратија.

Почитувани граѓани,

Нашата обврска од денес е уште поголема. Со длабока почит кон секој даден глас, продолжуваме уште поодлучно, поодговорно и посветено да работиме за граѓаните, за развојот на општините, за напредокот на државата и за иднината што сите ја заслужуваме.