Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието денеска се закажани седници на комисиите за социјална политика, демографија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се закажани седници на комисиите за социјална политика, демографија и млади, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија. 

Комисијата за социјална политика, демографија и млади треба да расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и на Законот за системот за процена на лицата со попреченост, во прво читање, а Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика за предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, прво читање. 

На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање, а Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи во согласнст со член 153 од Изборниот законик за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Македонија. 

Реклама

Пред Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, во прво читање.

Најавена е и седница и на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред е утврдување листа на пријавени кандидати по одлуката за огласување избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија, разгледување барањa за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Македонија и член на Советот на експертите на Агенција за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување. 

Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик – прво читање. 
 
Законодавно-правната комисија, пак, треба да ги разгледа предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и на Законот за системот за процена на лица со попреченост, како и предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.