Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

На седница на Собранието измени на Кривичниот, законите за полиција, за внатрешни работи…

Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница, на чиј дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница, на чиј дневен ред се верификација на мандат на пратеник откога Беким Сали беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе предлог-закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање. 

Целта на донесувањето на законските измени на Кривичниот законик е отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување во согласност со решение на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година. 

Пред пратениците за расправа се предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, во прво читање, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и на Законот за системот за процена на лица со попреченост, предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање. 
 
Собранието ќе одлучува и за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за полицијата и на Законот за внатрешните работи, двата по скратена постапка.