Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сите патишта во општина Дебар исчистени од снегот, се препорачува внимателност

По снежни врнежи што го зафатија дебарскиот регион, Општина Дебар, доцна попладнево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По снежни врнежи што го зафатија дебарскиот регион, Општина Дебар, доцна попладнево информираше дека сите патишта на територијата на општината, како во градот така и во селските подрачја, се исчистени и целосно проодни.

-Општинските екипи беа постојано на терен, со цел да се обезбеди безбеден и непречен сообраќај за сите граѓани. Ги замолуваме граѓаните да покажат зголемено внимание при движењето, особено во ноќните и раните утрински часови по најавата за минусни температури, порачуваат од општината. 

Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат зимска опрема, при чистење на дворовите и тротоарите, да не го фрлаат снегот на коловозот, бидејќи го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста од незгоди.

Реклама

-Исто така, да внимаваат при паркирањето на возилата, да не ги паркираат на коловозите или на места кои го попречуваат сообраќајот и работата на механизацијата за чистење, препорачуваат од Општина Дебар.