Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ЦУК: Обилните дождови предизвикаа одрони и локални поплави

Според информациите од Центарот за управување со кризи, како последица на обилните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според информациите од Центарот за управување со кризи, како последица на обилните врнежи од дожд, до 12 часот и 30 минути се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата.

Во Штип, поради претходните врнежи, зачестени се одроните од камења и свлечиштата на коловозите, што бара зголемена внимателност при сообраќајот.

Во Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба и не се пријавени проблеми поврзани со дождот.

Реклама

Во Битолскиот регион состојбата во градот е нормализирана. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини од 10 до 20 хектари, без опасност за куќите. Во селата Жабени и Породин поплавени се околу 70 до 80 хектари земјоделско земјиште, додека излевањето на Елешка Река зафати околу 50 хектари, при што водата постепено се повлекува во коритото.

Во Крушево, следната недела ќе се формира комисија за пријавување на штети од поројните врнежи.

Во Општина Долнени досега е пријавена штета од еден жител во селото Лажани, а поплавувања имало и во селото Пешталево, каде што е интервенирано за расчистување на каналите.

Во Ресенскиот регион поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема Река е зголемено од 1,40 на 1,65 метри, а сите расположливи машини и пумпи се ангажирани за испумпување на водата.

Во Струмица засега нема пријави за штети, врнежите се со послаб интензитет и нема опасност од излевање на реките. Слична е состојбата и во Куманово, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане, како и во Крива Паланка и Кратово, каде што сите патни правци се проодни, но со влажни коловози.