Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

ЦУК: Обилните врнежи предизвикаа излевања реки во Кочанско и во Охридско

Поради обилните врнежи од дожд на територијата на Македонија, заклучно до 18…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради обилните врнежи од дожд на територијата на Македонија, заклучно до 18 часот регистриран е зголемен водостој на реките, локални излевања и интервенции на надлежните служби во повеќе региони.

– Во Штипско-кочанскиот Регион е зголемен водостојот на реките и одводните канали. Кочанска Река има локално излевање кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ – Кочани со механизација. Оризарска Река е излеана кај селото Грдовци, каде што интервенира Водостопанство „Брегалница“, а МВР ПС Кочани врши обезбедување и регулирање на сообраќајот. Зрновска Река има излевање пред вливот во Брегалница, а состојбата ја следи РЦУК. Злетовска Река и Брегалница се со зголемен водостој, но без излевање. На патниот правец Македонска Каменица – рудник „Саса“ се интервенира поради одрон, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Во Охрид, како што посочуваат од ЦУК, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката Далја. Интервенираат ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ со механизација, а ТППЕ и ДЗС со пумпи вршат испумпување на водата од поплавените објекти. РЦУК Охрид ги координира пријавите преку бројот 112. Кај Коселска Река, во правец на селата Ливоишта и Вапила, преземени се мерки за заштита на патната инфраструктура.

Реклама

Во Кичево, поради претходните врнежи, дел од површините е заезерен, а состојбата на поплавените објекти на улицата Прилепска е непроменета. ТППЕ, ДЗС и ЈП „Комуналец“ вршат испумпување и обезбедување, а Општина Кичево и Црвениот крст се грижат за евакуираните лица.

Во Битолскиот Регион, во општина Битола се вршат контроли на терен од страна на РЦУК и општинските служби. ЈКП „Комуналец“ интервенира во населбата Стрчин, „Македонијапат“ расчистува на регионалниот пат Р-2333, а „Водостопанство“ ја следи состојбата на реките Шемница и Црна. Во Ресен и Демир Хисар се врши испумпување и заштита на загрозени површини.

Во Куманово, Липково и во Крива Паланка состојбата се следи од РЦУК, општините и „Водостопанство“, а „Македонијапат“ и комуналните претпријатија вршат превентивно посолување и расчистување на ризични патни делници.

Во Тетово се интервенира со механизација на патиштата кон селото Ѓермо и месноста Бањиче. Во Мала Речица полицијата и инспекциските служби постапуваат по уривање потпорен ѕид, а во Желино се интервенира по излевање кај Стримница и Палатица. На Попова Шапка, по координација со РЦУК Тетово, патот се расчистува со механизација од приватна фирма. Во Гостивар, ЈП „Комуналец“ и Водостопанство преземаат мерки по пријавени излевања.

Од ЦУк посочуваат дека надлежните институции ја следат состојбата и апелираат на внимателност, особено во ризичните подрачја.