Реклама
Македонија

Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан, денеска, по повод именденот, традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв.

Како што информирираат од кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на приемот се поканети претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и премиерот Христијан Мицкоски. 

На приемот ќе присустуваат и митрополитот брегалнички Иларион и митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.

Реклама

Црквата го слави светиот првомаченик Стефан, првиот што пострадал за христовата вера.