Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Интернационален натпревар за најдобри вина по десетти пат се организира во Кавадарци

Интернационален натпревар за најдобри вина по десетти пат се организира во Кавадарци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернационален натпревар за најдобри вина по десетти пат се организира во Кавадарци, во организација на Здружение за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек” од Кавадарци, информираа вечерва од ова кавадаречко здружение. Оттаму објавија јавен повик за доставување на мостри за натпреварот. Стручно жири ќе ги оцени и одбере најдобрите, по дегустацијата на доставените мостри. 

Оттаму појаснија дека настанот е по повод Денот на лозарите и винарите „Свети Трифун”, што се одбележува на 14 февруари, во соработка со средното општинско земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров” Кавадарци. 

Притоа додадоа дека активностите се под покровителство на градоначалникот и Општина Кавадарци и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Реклама

– Се работи за вина произведени од регистрирани производители, мали семејни винарии, домашни индивидуални производители и странски винарии и производители. Има неколку категории за оценување. Млади вина берба 2025 година,  бели, розе и црвени, со посебна категорија од автохтоната сорта на грозје, „станушина”. Потоа, мирни вина бели, розе и црвени, со, повторно посебна категорија, „станушина”.  Категорија, најдобри странски вина. За организирање на оценување од секоја категорија, треба да има минимум по седум мостри, соопштија од „Винотек“. 

Патем информираа дека оценувањето ќе го врши петчлена стручна комисија под раководство на професор доктор Михаил Петков. Ќе се оценуваат сите предадени мостри, а ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија.