Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој

Тука сме во близина на селото Скудриње. Има две секции кои што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тука сме во близина на селото Скудриње. Има две секции кои што веќе се покриваат, едната е Косоврасти другата е Маврово. Би сакал да честитам на прекрасниот тим на Македонија пат, на овие вредни луѓе кои што ги одржуваат чисти и проодни патните правци. Веќе се ставени во функција сите камиони со кои што располага Македонија пат, а исто така помагаат и компаниите кои што се ангажирани да работат на расчистување на снегот, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Тој нагласува дека на ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој, но истовремено апелира до граѓаните, внимателно да ги користат патиштата, да ја прилагодуваат брзината согласно условите на теренот.

-Многу битно, да користат зимски гуми и секаде каде што е потребно опрема, од типот на ланци и сето она што е потребно и што го препорачуваат надлежните, со цел да имаме сигурен и безбеден сообраќај, истакнува Николоски.

Реклама

Министерот за транспорт потенцира дека се очекува оваа ситуација ќе се задржи и следните денови, и најавува дека ќе бидат во постојана комуникација и координација, со цел да сообраќајот непречено се одвива на ниво на држава и граѓаните стигаат онаму каде што е потребно, особено после празниците, бизнисот да може непречено да се одвива.

-Уште еднаш, апел до граѓаните за одговорно возење и за почитување на сите правила кои што ги имаат надлежните и честитки до сите оние кои деноноќно, по 24 часа се обидуваат да се справат со овие снежни наноси, вели вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. сст/дма/