Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Македонски претставник во раководството на глобалната креативна организација ITOCE

Претседателот на Унијата на македонските професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ), Кирил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Унијата на македонските професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ), Кирил Ѓозев, е именуван за копретседател на Првиот президиум на новоформираната Меѓународна трговска организација за креативна економија (International Trade Organization for Creative Economy – ITOCE). Именувањето е во рамките на 6. интернационален форум „Кина – земјите од Централна и Источна Европа“ (CEEC) за културни и креативни индустрии, кој се одржа од 29 до 31 декември 2025 година во Макао, Народна Република Кина.

Форумот, организиран во рамките на Меѓународната конференција за развој на креативната економија и трговијата, обедини владини претставници, водечки експерти, академици и претставници на креативните индустрии од Кина, земјите од Централна и Источна Европа, како и од други региони во светот. Настанот се надоврзува на претходните пет успешно реализирани изданија, одржани во Белград, Пекинг, Лоѓ, Катовице, Будимпешта и Софија, и прерасна во значајна меѓународна платформа за соработка во областа на филмот, аудиовизуелната продукција, дизајнот, анимацијата, гејмингот и културната трговија.

Меѓународната трговска организација за креативна економија (ITOCE) беше официјално инаугурирана како невладина и непрофитна меѓународна организација, со мисија да промовира отворени, инклузивни, правични и ефикасни глобални системи за развој на креативната економија и меѓународната трговија.

Реклама

Президиумот на ITOCE е составен од меѓународно признати професионалци со значајно искуство и влијание во областа на креативната економија и прекуграничната соработка. Како копретседател на Првиот президиум, Ѓозев ќе придонесува кон дефинирање на стратешките приоритети, јакнење на меѓународниот политички дијалог и поддршка на интеграцијата на креативните претпријатија на глобалните пазари.

– Ова го доживувам како признание за колективната работа и растечкиот кредибилитет на креативните индустрии во Македонија. УМПАКИ континуирано се залага за посилно меѓународно позиционирање, правичен пристап до пазари и одржливи политички рамки за креативните професионалци. Учеството во раководството на новоформирана глобална организација како ITOCE, инаугурирана во рамките на 6-. интернационале форум „Кина – CEEC“, создава конкретна можност за поврзување на нашите локални и регионални креативни екосистеми со глобалните процеси, пазари и политики. Нашиот фокус останува насочен кон тоа креативните индустрии да бидат не само културно релевантни туку и економски одржливи и меѓународно конкурентни – изјави Ѓозев. 

Во текот на форумот Ѓозев активно учествуваше со тематски говор на сесија посветена на глобалните искуства во развојот на креативната економија, при што ги претстави перспективите од Македонија и Југоисточна Европа, заедно со високи претставници од Кина, земјите од Централна и Источна Европа и меѓународни институции.

За време на високото инаугуративно заседание, на Ѓозев и на другите членови на президиумот им беа врачени сертификати за именување, со што официјално беше потврдена неговата улога како копретседател на Првиот президиум на ITOCE – едно од највисоките управувачки тела на организацијата.

Учеството на македонски претставник во раководната структура на новоформирана глобална организација, инаугурирана на еден од најзначајните форуми „Кина – CEEC“ за креативна економија, претставува значајна стратешка придобивка за секторот и дополнително ја позиционира Македонија во меѓународниот дијалог и соработка во областа на креативната економија.