Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

ЦУК: Состојба по обилните дождови, излевања на реки, поплави, одрони,…

Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата. Од ЦУК велат дека ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, да ги пријават на бројот 112. Се очекува објава од ЦУК за најновата состојба. 

Според пријавите и интервенциите споделени на Фејсбук страницата на ЦУК синоќа до 21:00 часот, во Кичево евекуирани се 60 лица откако биле поплавени станбени објекти на ул. „Прилепска“.

Регистрирани биле одрони на патот Гостивар – Стража, но сообраќајот се одвива редовно, а на патот Тетово – Бањиче одрони покрај коловозот го отежнувале сообраќајот.  Кај Балин Дол од излевање на Вардар, поплавени се 10 земјоделски парцели и неколку дворови и намалено е производство на ХЕЦ Маврово.

Реклама

Поради излевање на Лакавичка и Сушичка Река, кај село Мало Турчане и село Горно Бањице поплавено  е земјоделско земјиште, а општината, наведува ЦУК, нема соодветна механизација.
Кај село Форино интервенирано е поради паднато дрво во коритото на Вардар, што е ризик од поплава, а кај Тетово–Бањиче (Цртаниот ѕид) се работело на расчистување на патот од  свлечишта и одрони. 

Во Битола и околината  имало поплава кај мостот во село Лера со можно проширување кон селото, а во село Породин поплава на живинарска фарма.

Во Општина Ресен, во селата Перово, Дремени и Долна Бела Црква поплавени се дворови и земјоделски земјишта, но реките не се излеани,  а во село Сирхан имало одрон кој е отстранет.

Во Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови, а интервенирале јавните претпријатија и и локалната самоуправа интервенирале

На патот Охрид – Пештани (кај хотел Гранит) се работело на расчистување на одрон на патот, како и во  Струга (Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга). 

Во Боговиње  има поплави на обработливо земјоделско земјиште поради затекнат канал од изградба на автопат но нема загрозени куќи.

Сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства, се вели во информацијата од ЦУК.

УХМР најави дека под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.