Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Откупот на тутунот заврши, од 15 јануари ќе се договараат цени за новата реколта

Откупот на тутунот заврши иако законски има уште еден месец. До Новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупот на тутунот заврши иако законски има уште еден месец. До Новата година се откупени вкупно 23 144 тони по речиси 420 денари за килограм.

Според Сојузот на земјоделските здруженија, остануваат уште околу 1500 тони тутун што треба да ги преземат откупувачите кои ќе работат по празниците.

– За мене е изнанадувачки брзо што заврши откупот на тутунот од ланската реколта. Но, помогнаа и временските услови да се забрза откупот. Во декември беше присутна релативната влажност што овозможи услови за домашната манипулација. Од друга страна, веројатно и на компаниите им требаше тутунот и затоа го прибраа родот многу брзо, објаснува Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Реклама

За откуп, според Сојузот, има уште најмногу 1 500 тони тутун кои ќе се купат по празниците.

-Тутунарите да не стравуваат. Откупувачите ги поврзаа празниците, а потоа ќе ги преземат заостанатите количества тутун. Инаку, законскиот рок за откуп е до 28 февруари, објаснува Ристески.

Сојузот најавува дека од 15 јануари ќе ги почнат преговорите со откупувачите за цените и договорите за новата реколта тутун.

-Со компаниите од 15 јануари ги почнуваме преговорите за новите цени. Тоа ни е многу битно пред склучувањето нови договори, вели Ристески.

Во меѓувреме, течат разговорите за измени во Законот за тутун за што има работна група и битно е да се воспостави рамноправен однос меѓу производителите и откупувачите.

-Работната група постојано работи со Министерството за земјоделство, со Владата. Се фокусираме на законските измени за скратување на временскиот рок за откупот на тутунот, враќање на ингеренциите на Сојузот на земјоделските здруженија, како и  олеснувањата што се однесуваат на поверениците.Тоа се најбитните измени кои треба да ги донесеме, објаснува Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Инаку, досега се донесени измените во Законот за да нема увоз на тутун додека трае откупот на домашното производство.