Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во тек е пријавувањето за бадникарски кум во Крива Паланка 

Од денес до понеделник кривопаланчани можат да се пријават за бадникарски кум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денес до понеделник кривопаланчани можат да се пријават за бадникарски кум на свечената прослава што општината ќе ја реализира на градскиот плоштад во вторник, 6 јануари, Бадник.

-Во духот на православната традиција и вековните обичаи, Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Општина Крива Паланка“ ги повикуват сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество во свечениот избор на бадникарски кум за 2026 година, по повод  Бадниковата прослава што ќе се одржи на 6 јануари 2026 година,  на градскиот плоштад, велат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка

Оттаму посочуваат дека Бадник е ден на сплотување, радост и заедничко прославување, а бадникарското кумство претставува огромна чест за целата заедница во празничните денови посветени на најголемите христијански празници, Бадник и Божиќ,.

Реклама

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во Фондација „Со срце за Општина Крива Паланка” на е-маил: [email protected] или кај Жаклина Цветковска, како и во
Општина Крива Паланка на е-маил: [email protected], кај Лидија Митовска, 075 368 077.

Пријавувањето ќе се врши најдоцна до 5 јануари 2026 година,со што пријавените ќе имаат можност да бидете дел од традицијата што ја поврзува заедницата.