Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Детето повредено во новогодишната ноќ починало од тешки повреди на мозокот

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, утрово  почина како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело, изјавија од Клиниката.

-За понатамошни толкувања ќе почекаме резултати од судско-медицинските испитувања и иследувањата од страна на МВР, велат од Клиниката.

Претходно денеска, Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете.

Реклама

– Во однос на починатото двегодишно дете, Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредба за обдукција на телото, соопштија од Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите  информираше дека за време на новогодишната ноќ се случиле два сериозни инцидента – убиство на турски државјанин со нож, во Скопската чаршија, и случај на тешко повредено двегодишно дете, на, како што рече, засега непознат начин,  кое било во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар-Скопје.

Тошковски посочи дека повредата на детето е од „метален фрагмент кој во тој момент не можел детално да се специфицира“.

– Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста, рече Тошковски.