Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

АД МЕПСО го пушти под напон и во пробна работа реконструираниот 110 kV далековод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1

АД МЕПСО – Скопје соопшти дека реконструираниот 110 kV далековод бр. 109…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД МЕПСО – Скопје соопшти дека реконструираниот 110 kV далековод бр. 109 на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1 е пуштен под напон и ставен во пробна работа.

Реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно демонтиран и заменет со нов далековод со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот далековод има вкупна должина од 33,5 km и е составен од 125 челични столбови. Во рамки на проектот е извршена целосна замена и монтажа на нова проводна и изолациона опрема, вклучително фазни проводници, заштитно јаже, изолатори и придружна опрема, со што е обезбеден зголемен преносен капацитет на далеководот и подобрени електрични и механички карактеристики во однос на претходната состојба. Зголемениот преносен капацитет придонесува за подобрување на сигурноста, стабилноста и оперативната флексибилност на електропреносната мрежа во регионот, информираат од компанијата.

Проектот е реализиран во рамки на Lot 1 – „Реконструкција на 110 kV далековод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1“, финансиран преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Градежните, електромонтажните и електроенергетските работи се изведуваа во периодот од 2023 до 2025 година. Изведувач на работите беше конзорциумот предводен од JV CA Dalekovod – Загреб, кој ги реализираше активностите согласно договорните услови и важечките технички стандарди. По завршувањето на работите беа спроведени сите предвидени технички испитувања и проверки, по што далеководот е пуштен под напон и ставен во пробна работа.

Реклама

Со реализацијата на овој проект, АД МЕПСО продолжува со системска модернизација и зајакнување на електропреносната инфраструктура, со цел зголемување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и унапредување на стабилноста и капацитетот на преносната мрежа, стои во соопштението од компанијата.