Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Сиљановска Давкова: Национален консензус околу гаранциите, ЕУ мора да најде решение да не држи во кондиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите  да нема нови условувања во процест на евроинтеграциите.

– Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои консензус но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има  за тоа дека ако се повикуваме на принципи тие треба да важат за сите.  Ако Светот на Европа формирал суд за човекови права пресудите треба да се спроведуваат, рече  претседателката Сиљановска Давкова за време на гостувањето на една од националните телевизии.

Мораме, потенцира таа, еднаш да добиеме гаранција дека нема некој да не турка да расправаме за идентитетски прашања, бидејќи тоа е темелната вредност на ЕУ. 

Реклама

– Националниот консензус треба да се изгради околу гаранциите. Мора да имаме некакви гаранции и има многу варијанти за гаранции. Не е точно дека не сме разговарале, сме разговарале. Не е само трет протокол, може со измена на Протоколот, може со измена на заклучоците. Нашиот преседан не  е битен само за нас туку и за сите други кандидати за членство во ЕУ, рече Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека високи европски претставници рекле дека се потребни гаранци  и оти штитот на ветото треба да се урне.  – Јас тврдам дека дури и во случајот на државите од Западен Балкан кои се најбрзо натаму може да се случли повторно да има вето, посочи претседателката. 

Сиљановска Давкова  оцени дека тоа што го прифатила поранешната влада и тоа што го венела во Преговарачката рамка и во заклучоците  ЕУ е спротивно на самите принципи и вредности на ЕУ. 

Според претседателката Сиљановска Давкова, која било членка на ЕУ може да покрене постапка против Бугарија, како што вели, за кршење на основните принципи и вредности.  Може, дополни, и една третина од пратениците, може комисијата.  Има механизми. Кога ги читате извештаите и кога ги гледате евалуациите, вие гледате дека кога ние за Зелената агенда сме вреднувани исто како и Молдавија таа добива средства, а ние не.

– Мора ЕУ да најде решение да не држи во кондиција бидејќи не зборуваме само за помоќна ЕУ во нестабилната извесна мултиполарна сцена. Зборуваме, тоа не се мои зборови, на ЕУ лидерите се, за отпорност кон можни влијанија и за нешто што е многу важно –  гаранции, значи безбедносните дилеми остануваат, еве гледаме дури и со бегалските кризи повтроно може да се појават на сцената. Решение ЕУ ако сака може да најде а ние и предочуваме. Зошто не сака? Затоа што е практична, прагматична и затоа што некој се согласил. Доколу тие што сега предлагат резолуции и слично поинаку мислеле и го предочиле ова што го зборувам јас, тогаш во предвид ќе го зеле и оние кои што одлучувале. аама тие ги убедувае дека ова есосема добро решение и да се сетиме тогаш ни велеа уште ова и готово е ние ги почнуваме преговорите, рече Сиљановска Давкова.