Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги посети средните училишта во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги посети средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа.

Градот Скопје информира дека интензивно работи на унапредување на условите во средното образование, со конкретни и видливи резултати за краток временски период. Посочуваат дека посветеноста кон создавање современи, безбедни и достоинствени услови за учење и работа во училиштата претставува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа, со јасна цел квалитетно образование и подобра иднина за младите.

-Горд сум кога резултатите од нашиот труд  за кратко време се веќе видливи, што ни дава уште поголем мотив да продолжиме посилно и поодлучно. Денес сме во посета на средните училишта во Скопје, каде што сите ги опремивме со нови клупи и столчиња, достоинствени услови за учење и работа. Обезбедивме и прочистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите, посочува Ѓорѓиевски.

Реклама

Нагласува дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што јасно говори за нашата силна посветеност кон поквалитетно образование.

-Модернизацијата и осовременувањето на наставните средства продолжува и понатаму, системски и плански. На денешната посета, по долги години имав чест повторно да ја видам мојата класна раководителка во средното медицинско училиште каде што се образував. Средбата ми врати многу спомени од минатото и уште еднаш ме потсети колку е важна улогата на наставниците во градењето на нашите животни патишта, вели градоначалникот во објавата.

Паралелно, како што посочува, во фокусот е и реконструкцијата на спортските терени, проект кој веќе е во тек, затоа што сакаме да ја поттикнеме физичката активност и да градиме здрави животни навики кај младите од најрана возраст.

Дополнително, Ѓорѓиевски најавува дека сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што е сериозна и одговорна мерка која ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија, но и директен придонес во заштитата на животната средина.

-Сето ова е насочено кон унапредување на севкупната опременост, квалитетот и комфорот во училиштата, како силен стимул за развој на потенцијалот кај младите. Ова е само дел од нашата визија за модерно образование. Продолжуваме понатаму, со дела, а не со зборови, посочува во објавата градоначалникот Ѓорѓиевски.