Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Тетово домаќин на меѓународен натпревар за квалитет на мед

На Факултет за технолошки и технички науки при Универзитет во Тетово денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Факултет за технолошки и технички науки при Универзитет во Тетово денеска ќе се одржи 5. Меѓународен натпревар за квалитет на медот. Организаторите најавуваат дека Меѓународна органолептичка комисија ќе ги анализира пристигнатите мостри на мед од натпреварувачите – вкупно 200 пчелари од 15 држави.

– Овој настан е резултат на соработката на водечките здруженија на пчелари од регионот, со заедничка мисија – промовирање на квалитетот, автентичноста и иновацијата во пчелните производи, како и јакнење на професионалната соработка меѓу пчеларите на Балканот, информираат од организацијата на настанот.

Организатори се Здружение на пчелари „Градот на Пчелите“ – Тетово, Здружение на пчелари на Префектура Тирана, Здружение на Медот – Приштина, Здружение на пчелари Улцињ и Здружение на пчелари Апикула – Бујановац.