Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николоски на министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел: „Македонија забрзано ги гради Коридорите 8 и 10“

Македонија забрзано вложува во модернизација на европските Коридори 8 и 10, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија забрзано вложува во модернизација на европските Коридори 8 и 10, а приоритет станува и железничкото поврзување со Бугарија. Брзата пруга Табановце – граница со Грција ќе почне да се гради следното лето, а до крајот на месецов или на почетокот на следниот ќе биде објавен тендер за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија. Ова беа клучните проекти презентирани од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Брисел.

Според плановите на Владата, изградбата на меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија на Коридорот 8 треба да започне во 2031 година, под услов бугарската страна да ја испочитува предвидената динамика од нивното Министерство за транспорт.

„Прекуграничниот тунел целосно ќе биде финансиран од Европа преку САФЕ механизмот. Веќе во новиот план 2028–2032, што отприлика е времето кога ќе се гради и завршува, ќе влезе во буџетот на САФЕ механизмот. Очекуваме 100 проценти грант за изградбата на прекуграничниот премин. Ќе потпишеме заедничка декларација со Грција, Србија, Унгарија и Австрија за изградба на железничкиот Коридор 10. Нема поента да трошиме над 2 милијарди евра, а другите држави да не градат. Грција ќе се обврзе да го заврши делот од над Солун до Гевгелија, а тие до јануари ја завршуваат сигнализацијата до Гевгелија“ – вели вецепремиерот Александар Николоски.

Реклама

Македонија влегува во нова ера на железничко поврзување, истакнува вицепремиерот. На Министерскиот совет на Транспортната заедница, тој објави дека државата е цврсто решена да ги забрза стратешките инфраструктурни проекти што ќе ја поврзат со регионот и Европската Унија.

„Македонија да стане центар на Балканот, без разлика што нема излез на море, и да ги искористиме двата коридора – 8 и 10 – преку Коридорот 10д, кој оди преку Битола кон Грција, и втората опција од Смоквица преку Валандово, Струмица и Ново Село“ – рече Николоски

Според него, проектите на Коридорите 8 и 10 ќе донесат голем поттик за економијата и за регионалното поврзување на Македонија со соседните земји. Тој откри дека делницата Куманово – Бељаковце е завршена, делницата Бељаковце – Крива Паланка е во полн замав, а фокусот сега се префрла на последната и најтешка фаза. Николоски најави дека тендерот за изградба на третата делница – клучна за поврзување со источниот сосед – ќе биде објавен до крајот на декември или најдоцна на почетокот на јануари.