Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Поддршка на законските измени за задолжително парно во новите градби каде има можност

Станбено-деловните градби и градбите за колективно домување на подрачја на кои има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станбено-деловните градби и градбите за колективно домување на подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија,  задолжително да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска односно техничка инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење.

Тоа се предвидува со Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, што денеска доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. 

Матичното собраниско тело заклучи да го проследи во натамошна постапка Предлогот законот откако констатираше дека не се поднесени амандмани. 

Реклама

Со законот треба да се овозможи  ефикасно користење на енергијата и топлинската заштита во градските средини каде има можност за приклучување на инсталации за снабдување со топлинска енергија како парно греење, со што ќе се придонесе и кон унапредување на животната средина во градските средини во текот на зимскиот период. 

– Измените се носат поради проблемите во пракса со обезбедување на квалитетно и унифицирано снабдување со топлинска енергија на сите градби за колективно домување и станбеноделовните градби. Целта е да се овозможи стандард во модерното градско живеење кој ќе овозможи намалување на загадувањето во зимскиот период, информира Владата во образложението на Предлог-законот.

На седницата на Комисијата поддршка доби Предлог законот за дополнување на Законот за јавни патишта, во прво читање, кој е со европско знаменце.