Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Kонкурси за стипендии за студии и специјализации од Владата на Кина и за студии на универзитетите во Унгарија

Владата на Народна Република Кина за учебната 2026/2027 година доделува три стипендии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на Народна Република Кина за учебната 2026/2027 година доделува три стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации.

Како што објави Министерството за образование и наука, кандидатите треба да се пријават онлајн и да прикачат документи кои се наведени во конкурсот.

Краен рок за пријавување е 15 јануари 2026 година.

Реклама

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, до 15 јануари 2026 во архивата на Министерството за образование и наука треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи). 

Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје. Прифатените кандидати ќе ги започнат студиите од септември 2026 година.

Во објавата на МОН се наведени контакти на кои заинтересираните може да добијат повеќе информации, кои се достапни и на интернет-страниците https://www.campuschina.org  или https://en.csc.edu.cn/studyinchina  

МОН известува и за Повик за стипендии за додипломски, магистерски, интегрирани магистерски студии (one-tier master – OTM) и докторски студии на државните универзитети во Унгарија за академската 2026/2027 година.

-Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) за академската 2026/2027 година за кандидати од Република Северна Македонија доделува вкупно 20 стипендии: седум за целосни додипломски (BA/BSc) студии, во областите: земјоделски науки, општествени науки, економски науки, технички науки, природни науки, политички науки и јавно управување; седум стипендии за целосни магистерски студии (MA/MSc), исто така во горенаведените области; две стипендии за интегрирани магистерски студии (one-tier master – OTM) во областа на: медицински и здравствени науки; четири стипендии за целосни докторски студии (PhD/DLA) во која било област; делумни студии за сите  нивоа и области на студии како што се наведени погоре, е наведено во повикот. 

Во него се содржани условите и начинот на аплицирање, како и документите што се потребни за пријавување и контактите за информации, а подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи, како и листата на студиски програми на државните унгарски универзитети  и текстот на повикот за аплицирање (Call for application 2026-2027) може да се најдат на веб-страницата https://stipendiumhungaricum.hu/ 

Онлајн-системот за поднесување на потребните документи ќе биде отворен до 15  јануари 2026 година.