Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

СДСМ смета дека треба да има две анкетни комисии, едната којашто ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ смета дека треба да има две анкетни комисии, едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да се дискутира за сите трагедии во минатото, но и една посребна анкетна комисија само за трагедијата во Кочани. 

-Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да се дискутира за сите трагедии во минатото, меѓутоа сметам дека имаме обврска да организираме и посебна Анкетна комисија само за трагедијата во Кочани. Поради тоа што мора да имаме одговорност пред општеството, пред државата. Тоа е пред се на барање на родителите, на загинатите и повредените деца. И апелирам сега до сите пратеници да го поддржат формирањето и одржувањето на таа анкетна комисија само за трагедијата во Кочани. Рековме немаме проблем ќе гласаме и ќе ја поддржиме и таа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и владеачката коалиција во којашто сака да се разговара за сите трагедии претходно, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција во Собранието.

Во јавноста, вели,  излегоа повеќе луѓе, ги коментираа овие иницијативи, правници и така натаму и легитимни се нивните ставови.

Реклама

-Треба да се земе предвид дали има, дали нема судски процеси, каде се завршени. Но што сметам дека е најбитно во овој контекст и апелирам сите, дури експертите ова да го работат. Имаме ние пред се и морална обврска пред сите луѓе коишто ова го бараат од нас. Мора да се слушне гласот во Собранието на луѓето чишто е ова практично дом. Тоа се сите граѓани, во конкретниот случај родителите на загинатите и повредените деца кои што ова го бараат од нас. Очекувам од сите пратеници да ја поддржат анкетната комисија за несреќата во Кочани, како што сите ние ќе ја поддржиме и таа друга анкетна комисија којашто тие ја предлагаат, вели Филипче.