Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Иницијатива на Левица за поставување на скулптурата „Децата на Газа“ во паркот во Аеродром дониран од Израел

Советничката група на Левица поднесе иницијатива Општина Аеродром да ја прифати скулптурата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советничката група на Левица поднесе иницијатива Општина Аеродром да ја прифати скулптурата „Децата на Газа“ од Никола Пијанманов, кој преку објава на социјалните мрежи делото го донираше на Општина Аеродром, наведува партијата во соопштение.

„Оваа скулптура од железо ја донирам да биде поставена како споменик во новиот детски парк во Аеродром кој е донација од Израел. Постаментот нека го донира општината. Скулптурата се вика ’Децата на Газа’“, напиша Пијанманов на социјалните мрежи.

Со оваа изјава, истиот ден кога градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Аеродром, го отворија детскиот парк дониран од Израел, уметникот Пијанманов ја понуди својата скулптура како симболичен одговор и повик за сочувство кон децата во Газа.

Реклама

Од советничката група на Левица, пак, посочуваат дека додека се прифаќа „израелски парк за деца“ не смее да се молчи за страдањата на децата во Газа. Тие нагласуваат дека поставувањето на скулптурата би била јасна порака дека Аеродром зазема страна на човечноста, животот и достоинството.

Според иницијативата, скулптурата „Децата на Газа“ треба да биде поставена како спомен – обележје во новиот парк, а од општината се бара да го обезбеди постаментот. Од Левица додаваат дека делото не е само уметнички чин туку и потсетник на невините жртви и повик за солидарност.