Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Панел-дискусија „Искуства и добри практики како основа за развој на нови хуманитарни стратегии“

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска предвидено е да се реализираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска предвидено е да се реализираат панел-дискусија и свечена церемонија за доделување на јубилејната плакета на Црвениот крст на Република Северна Македонија за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што информираат организаторите на настанот, темата на панел-дискусијата е „Искуства и добри практики како основа за развој на нови хуманитарни стратегии“.

Од Црвениот крст пак информираа дека пред почетокот на панел-дискусијата, обраќање ќе имаат Беким Фетаји, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“, како и Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Реклама

– Настанот ќе се реализира во „Аудиториум 107“, со почеток во 11:30 часот и претставува дел од заедничките активности за унапредување на хуманитарното делување, јакнење на партнерствата и размена на добри практики меѓу академската заедница и хуманитарните организации, нагласуваат од Црвениот крст.

Додаваат дека доделувањето на јубилејната плакета, претставува значајно признание за досегашната успешна соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ и за неговиот континуиран придонес во промоцијата на хуманитарните вредности, солидарноста и волонтеризмот.