Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Изложба по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност

По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, во „Порта Македонија“ денеска ќе биде отворена изложба на слики од XIV-тата Mеѓународна инклузивна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, што од 9 до 15 октомври оваа година се одржа во Охрид, соопштија од Сојузот.

Изложбата закажана за 19 часот предвидено е да ја отвори министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Изложените дела се изработени од академски сликари, академски сликари со телесен инвалидитет и талентирани лица со телесен инвалидитет од Македонија и земјите од регионот.

Реклама

– Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, низ годините зад себе, создаде традиција во организирање на ликовни колонии и ликовни изложби. Целта за организирање на ликовните колонии е да се поддржи и поттикне уметничкиот израз кај талентираните членови – лица со телесен инвалидитет, да создадат правилна перцепција за ликовните и естетските вредности, развивање на способност за препознавање и соодветно вреднување на уметничките изрази и појави од секојдневниот живот. Оваа колонија е единствена од овој вид во нашата држава, која покажа дека уметничкиот потенцијал не знае за поделби и попречености и дека нејзиното организирање има претензии да покаже и докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна, се посочува во најавата за настанот.