Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Реформската агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција: Улогата на парламентот во спроведувањето на регионалните приоритети

Во Собранието денеска ќе се одржи настан за Реформската агенда и Берлинскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи настан за Реформската агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција и Улогата на парламентот во спроведувањето на регионалните приоритети. 

Настанот е во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во соработка со собраниската Комисија за европски прашања и Меѓупартиската група за следење на имплементацијата на Берлинскиот процес и реформската агенда, а во рамки на проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда во Македонија“, финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Западен Балкан.

Поздравни обраќања на отворање на настанот ќе имаат потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и претседавач со Меѓупартиската група за следење на имплементацијата на Берлински процес и Реформската агенда Антонио Милошоски, заменик-министерот за европски прашања Викторија Трајков и претседателот на Институтот за демократија Марко Трошановски. 

Реклама

Настанот ќе опфати и две панел-дискусии:Берлинскиот процес по Лондон 2025 – следни чекори за парламентарната димензија и Реформскиот пат кон ЕУ – институции, имплементација и препораки. 

Во рамки на панелот за Берлинскиот процес по Лондон 2025 – Следни чекори за парламентарната димензија на процесот ќе бидат презентирани главните резултати и приоритети од Самитот на Берлинскиот процес во Лондон и отворање на конструктивен дијалог меѓу парламентот и владата за спроведување на преземените регионални и европски обврски. 

На панелот за Реформскиот пат кон ЕУ: Институции, имплементација и препораки е предвидена дискусија за степенот на имплементација на чекорите и реформите од реформската агенда како дел од Планот за раст.