Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

СДСМ: Документите се јасни – тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени

Скандалот кој СДСМ денеска го објави ги потврдува сите криминални шеми на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот кој СДСМ денеска го објави ги потврдува сите криминални шеми на ДПМНЕ како се крадат парите на граѓаните. Документите се јасни: тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени лица, формирана пред само една година, се вели во соопштението од СДСМ. 

Четири од шест договори се добиени од Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски.

Ова е класична шема за испумпување на пари од граѓаните преку фирми блиски до власта.

Реклама

СДСМ бара акција од институциите за криминалците во власта да одговараат а крадењето од граѓаните да престане.

Не баравме ниту роднинско стебло ниту извод од Димса Арсовски туку да одговори на прашање дали е роднински поврзан. И нема за што да му се извинуваме.  

Човек без работен стаж коментира нечии кариери?  Човек кој лаже и краде бара извинување?

СДСМ не се извинува на криминалци.

Ниту Груевски и Мијајлков не се со исто презиме па сепак се роднини.

Димса не дефокусирај, она што е сигурно: сите вие во ВМРО-ДПМНЕ сте роднини по криминал.

СДСМ продолжува со разоткривање на криминалот на ДПМНЕ. Утре ќе објавиме нови аспекти на овој скандал, да видат граѓаните какви луѓе стојат зад овие фирми кои добиваат милионски тендери и со што се поврзани.