Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Заменик-претседателот на Владата Фетаи во официјална посета на САД

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, е во повеќедневна официјална посета на Њујорк и Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти неговиот Кабинет, за време на престојот, Фетаи ќе оствари средби на високо ниво со претставници на американските институции, со претставници од системот на Обединетите Нации, како и со истакнати претставници на албанската заедница од Северна Македонија кои живеат и придонесуваат во САД.

Централен дел од посетата е учеството на Втората глобална конференција за користење податоци за подобрување на мерењето на корупцијата, организирана од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На конференцијата, Фетаи ќе ги презентира искуствата и заложбите на Владата на Македонија во борбата против корупцијата, како и напорите за унапредување на транспарентноста и отчетноста.

Реклама

Дополнително, заменик-претседателот на Владата ќе присуствува на манифестациите организирани од албанските здруженија во Њујорк по повод ноемвриските празници. Во рамки на посетата, предвидени се и други работни средби насочени кон продлабочување на билатералната соработка и меѓународна промоција на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалниот интегритет.