Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ се последните што имаат кредибилитет да зборуваат за состојбите во енергетиката

Филипче и СДСM се последните што имаат кредибилитет да зборуваат за состојбите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и СДСM се последните што имаат кредибилитет да зборуваат за состојбите во енергетиката, бидејќи токму раководствата поставени од нив оставија сериозни структурни, технички и финансиски последици врз домашните производни капацитети, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Наследени беа деградирани и недоволно одржувани рудници за јаглен, запуштена и застарена опрема во термокапацитетите, истрошени хидропотенцијали,  што се состојби што не може да се санираат за една година.

Дополнително, дел од поранешните одговорни лица се предмет на постапки пред надлежните институции, а компанијата соработува во целост со истрагите и очекува секој пропуст да биде утврден согласно законот.

Реклама

При преземањето на компанијата, ЕСМ беше во исклучително тешка финансиска состојба со производствена цена од околу 140 евра за мегават-час, загуби од повеќе од 130 милиони евра и доспеани, неплатени обврски кон деловни партнери над 80 милиони евра. Ова е реалната слика што ја остави СДСM и која ја загрози стабилноста на целиот енергетски систем.

Во тој контекст, лицемерна е тезата на Филипче дека електрична енергија можела да се произведува за 85 евра за мегават-час и во спротивност со фактичките бројки и состојбата што беше затекната.

Против раководствата кои ја управувале компанијата во периодот од август 2017 до август 2024, поднесени се пријави до надлежните институции, и веруваме дека  сите до еден ќе одговараат за своите злосторства во една од најзначајните државни компании. Имајќи го предвид ова наследство, најмалку што може да направи СДСM е да се воздржи од коментирање на теми поврзани со енергетиката, барем додека институциите целосно не ги расчистат сите пропусти и последици од нивното управување.

Во изминатата година се намалени затекнатите загуби, а цената на произведената електрична енергија е намалена за околу 22 проценти. Но и покрај сите предизвици АД ЕСМ понуди минимално повисока цена кон Универзалниот снабдувач.