Реклама

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Македонија

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави сезонскиот изглед за претстојната зима…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави сезонскиот изглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.

Истражувањата за климатските изгледи за зима, како што велат од УХМР, се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери.

Според УХМР, моделите покажува значителна неизвесност за поголемиот дел од Европа, но сепак најголемата доверба (50-60% веројатност) е за развој на позитивни геопотенцијални аномалии над југоисточна Европа. Набљудуваните температури на морската површина и прогнозите за следните три месеци покажуваат повисока веројатност за појава на Ла Ниња услови, со слаб интензитет.

Реклама

-Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек.

Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвива во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај. Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во месец јануари, истакнуваат од УХМР.

Сезонскиот изглед за тeмпературите на воздухот во период декември 2025 – јануари 2026 – февруари 2026 со поголема веројатност покажува надпросечни вредности на целата територија, а најголемото отстапување се очекува да биде во северниот дел.

-Во однос на врнежите за оваа сезона, моделите не даваат прецизен сигнал. Просечно врнежлива зима со негативно отстапување во западните делови е најверојатното сценарио за оваа зима. Не се очекува врнежите во декември да го достигнат просекот, но почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел во јануари и февруари, истакнуваат од УХМР.

Оттаму посочуваат дека повеќегодишната просечна температура за зимата (декември-јануари-февруари) се движи од -1,5°C измерена на метеоролошката станица во Маврово до 5,0°C измерена  во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90mm измерени на МС Штип  до 319,4mm измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.

Во однос на просечната температура на воздухот измерена на метеорлошката станица во Скопје, од УХМР велат дека изнесува 2,0°C, а просечната количина на врнежи 110mm.